Дали замрзнатите овошја и зеленчуци се еднакво здрави како свежите?

замрзнато овошје
Замрзнато овошје и зеленчук / Фото: Pixabay

Сигурно некогаш сте застанале во делот за замрзнати овошја и зеленчуци во некој маркет, двоумејќи се дали да купите замрзнати или свежи. Доколку се препознавте, го имаме одговорот.

Покрај тоа што се подостапни (и понекогаш поисплатливи), замрзнатите овошја и зеленчуци се подеднакво или похранливи.

Пред замрзнување, зеленчуците и овошјата се берат и бланшираат. Процесот на бланширање е од клучно значење бидејќи ги деактивира ензимите во производот. Овие ензими придонесуваат за губење на хранливите материи и промена во вкусот. Бланшираните производи потоа се замрзнуваат и на тој начин ги зачувуваат сите вредни хранливи материи.

боранија
Замрзната боранија / Фото: Pixabay

Едноставно, кога ќе одлучите да ги купите првите сезонски јагоди, кои патем се најскапи, сетете се дека истите претрпеле долго патување до локалниот пазар бидејќи доаѓаат од подалечни земји, најчесто од Шпанија. Попатно го изгубиле вкусот и дел од хранливата вредност. Но, тоа не е случај со замрзнатите јагоди кои ги зачувале сите хранливи материи со замрзнување веднаш по берењето.

Студија од 2013 година спроведена на Универзитетот Честер покажа дека свежите боровинки по три дена поминати во фрижидер губат значителен дел од витамин Ц, додека замрзнатите боровинки генерално имаат повисоки концентрации на витамин Ц.

боровинки
Замрзнати боровинки / Фото: Unsplash/ Dana DeVolk

Универзитетот Калифорнија, Дејвис објави слична студија, откривајќи дека „содржината на витамини во замрзнатите производите биле споредливи и повремено повисоки отколку кај свежите производи“.

Затоа, замрзнатите производи можат да бидат дел од препорачаните порции зеленчук и овошје дневно. Освен што ги содржат саканите хранливи материи, тие го забрзуваат процесот на подготовка и конзумација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот