Дали во текот на пандемијата на коронавирусот е безбедно да јадеме храна која некој друг ја подготвил?

Со пандемијата на коронавирусот и социјалната изолација, ни се наметнуваат голем број на прашања…

Порталот „Дејл Мејл“ собра неколку прашања од читатели на кои одговорија водечките експерти во нивната земја, а се однесуваат на дилемите околу заразата со коронавирусот.

Една личност поставила логично прашање во екот на пандемијата на коронавирусот и стравот од зараза.

* Нашата комшивка направи колачи и ги остави на нашиот праг завиткани во фолија. Дали е сигурно да ги јадеме и дали сепак постои ризик од зараза?

– Иако ова е сигурно еден добронамерен гест не е најсигурно да ја допирате фолијата во која се завиткани колачите, одговори Ендру Престон кој е микробиолог на Бат универзитетот.

– На фолијата можат да се наоѓаат траги од вирусот кои тука можат да останат со часови, а можеби и со денови, истакна тој.

* А дали вирусот може да се пренесе преку храната?

– Иако нема докази дека вирусот може да се пренесе преку храната и не е детално јасно дали трагите од вирусот на фолијата се доволни за да предизвикаат инфекција, би ве советувал да го отстраните целото пакување, вклучувајќи ги и колачите и детално да ги измиете и рацете и местата каде што тие стоеле во вашиот дом, заклучува Престон.

Тој советува дека и при нарачувањето на храна од рестораните кои носат до дома, можно е да се случи контаминација, можеби не директно преку храната, но преку амбалажите, лицето кое ви ја доставува и слично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот