Дали вашиот Wi-Fi е лош? Овие совети ќе ви помогнат да го зголемите сигналот

Речиси сите во своите домови денеска ги користиме предностите на бежичната интернет врска. Нејзина главна предност, нормално, е тоа што не ослобдува од развлекување на метри и метри кабли по целиот дом и што интернетот го прави многу поедноставен за користење на поголем број уреди.

Меѓутоа, што да направите кога рутерот ви е на едната, а вашта соба на другата страна од домот, па сметате дека ви е полесно да се „прикачите“ на мрежата на соседот, отколку на вашата?

Постојат неколку трикови со кои можете да го зголемите сигналот, особено кога не сте во можност да го преместите рутерот.

Подигнете го рутерот на повисока височина

Рутерот немојте да го поставите на подот, туку подигнете го на висина од барем еден метар, што е висина на просечна маса или на нешто повисоко. Доколку сте во можност поставете го на ѕид во висина или над висината на врата.

Проверете дали имате „непосакувани гости“ на мрежата

Дали вашата мрежа е заштитена од непосакувани гости? Доколку не е, тогаш може некој од соседите да ја користи вашата отворена мрежа, што автоматски го успорува интернетот. Наједноставно решение е да ја заклучите мрежата.

Проверете дали некој уред користи поголема количина при преносот на податоци

Вирусите и „малверите“ на паметните телефони и компујтерите може да го забават самиот уред, но и без дозвола да симнуваат и испраќаат големи количини на податоци преку интернет. Затоа треба редовно да ги ажурирате оперативните системи и апликации на уредите, што ги вклучува и паметните телевизори и другите уреди кои користат Wi-Fi.

Купете засилувач на сигналот

Доколку претходните совети не ви се доволни и не можат да ви помогна да добиете посилен сигнал, најверојатно ќе морате да инвестирате во засилувач на сигналот. На пазарот се достапни многу различни модели, а најважното е при купувањето на овие уреди да проверите дали тие се компатибилни со вашиот рутер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот