Дали треба да спиете заедно со своите миленици? Науката вели да – постојат бројни бенефити

спиење со миленици
Фото: Profimedia

Дали постои попријатно чувство од предењето на вашата мачка или всадувањето на вашето куче во вашиот скут? Дали се сомневате дали треба да им допуштите на милениците да дојдат во вашиот кревет и да се впуштите во прегратка и заеднички сон? Науката вели дека постојат многу бенефити да го прегрнете вашето милениче навечер.

Како што сè повеќе им ги отвораме нашите домови на животните науката се обидува да ни раскаже како да ја направиме оваа заедничка околина попријатна, но и да искористиме што повеќе бенефити од заедничкото живеење.

Генерално, многу добра работа е за животните да спијат заедно со нивните сопственици. Причината е затоа што тие миленичиња вообичаено имаат поголема доврба и поблизок однос со луѓето кои се во нивниот живот. Тоа е големо изразување на доверба од нивна страна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ergomotion Inc. (@ergomotion)

Кучињата и мачките кои се поблиску поврзани со нивните сопственици добиваат дополнителни здравствени бенефите, вклучувајќи корисни неуротрансмитери како окситосин и допамин, хормоните кои прават да се чувствуваме добро.

Секако, луѓето треба да се свесни дека сепак се работи за живи суштества, а не за „плишани играчки“, и тие самите сонуваат и знаат да залајат или се придвижат во сон, а со тоа може и да го вознемират сонот на нивната човечка придружба.

Сонот кај кучињата и мачките не е континуиран  и тие неизбежно се будат, стануваат и може дури и да чекорат врз луѓето во креветот. А тоа може да го прекрши цилусот на човечкиот сон, извлекувајќи го од состојбата на длабок сон. Таквите прекини знаат понекогаш и да се поврзат со ослободување на хормонот на стрес, кортизол, што може да го влоши сонот.

Во суштина, миленичињата и спиењето со нив можат да помогнат во заспивањето и за возрасните, но и за децата. Луѓето кои имаат проблеми со депресија и анксиозност заради балансирањето на заедничките вибрации и фреквенции, и чувството дека се има големо „перниче“, „ќебе“ или нешто што може да се прегрне и тоа да ги намали негативните чувства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Antieau Gallery (@antieaugallery)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот