Дали тактиката „клавајте голови“ ќе биде доволна да се нанесе првиот пораз на Вардар?
Денеска, од 18 часот на програмата е вечното ракометно дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар. „Црвено-црните“ знаат што ги очекува, преполна сала, жешка атмосфера и „разгневен“ Пелистер кој „мора“ да го добие дербито за мир во куќата.
Препорачано
Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер на дербито со Вардар ќе го води Звонко Шундовски, кој ја презема клупата минатата недела по заминувањето на Рубен Гарабаја. Вечерва ќе се даде одговор дали веќе докажаниот Шундовски ќе може да ја крене атмосферата меѓу своите играчи, на вистински начин да им покаже на странците што значи дуел со Вардар, и дали со неговата најпозната тактика „клавајте голови“ ќе може да му го нанесе првиот пораз на Вардар, и да им покаже на „црвено-црните“ дека не се непобедливи.
Од друга страна „црвено-црните“ дербито го дочекуваат како лидери на суперлигашката табела. Дали е тоа добро или не, дали вардарци ќе ги „потценат“ пелистерци ќе видиме вечерва, но она што се знае е дека Чупиќ и неговите соработници знаат што ги очекува па затоа вардарци уште од вчера се во карантин во Битола се со цел да бидат поодморени за дербито.
На трибините ќе биде подеднакво жешко како и на теренот. Во Битола покрај „Чкембари“ свој белег ќе остават и стотина „Комити“ кои ќе допатуваат за да дадат поддршка за својот тим.
Двете екипи сезонава веќе се сретнаа двапати на официјални натпревари и уште двапати во подготовките. Еурофарм Пелистер славеше на првите три дуели и го освои Суперкупот, но во последниот натпревар Вардар рутински триумфираше со 31–28.
Николовски и Металари ќе ја делат правдата на дербито меѓу Пелистер и Вардар
Преземено од: Sport.com.mk


