Дали сте подготвени за второ дете? Овие нешта покажуваат дека СТЕ!

Еве како да знаете дали веќе е време да го зголемите вашето семејство со уште еден, двајца или тројца членови.

1. Имате поддршка од оние околу вас

Помислете на тоа дали можете да имате помош од вашите најблиски: Вашата мајка, свекрва, сестра или пак некој друг поблизок роднина. Поддршката е од клучно значење кога ќе имате уште еден нов член во семејството, а доколку ја имате, тогаш можеби треба да им дадете зелено светло на вашите планови за зголемување на семејството.

2. Можете да си го дозволите тоа

Секако, во овој момент ќе треба да размислувате и за вашите финансиски средства. Колкав е вашиот месечен буџет и за колку би се зголемиле вашите месечни трошоци? Направете ги овие пресметки и прилагодете го вашиот план.

3. Спремни сте да ги прифатите физичките промени

Па што ако ви биле потребни две и пол години за да постигнете совршена форма на вашиот задник или пак, да го вратите вашиот мозок во нормална состојба? Сега откако знаете дека можете да го направите тоа, спремни сте да прифатите уште еден мал член во семејството.

4. Вашиот сопруг го сака истото

Всушност, вие и двајцата треба да ја донесете оваа одлука. Покрај сѐ, лишувањето од сон, времето за бањање и многу други секојдневни ситуации се наменети за вас двајцата.

5. Вашето постаро дете ве моли за брат или сестра

Имањето помал брат или сестра, може да направи чудо за вашето прво, второ или трето дете, за неговиот ум, тело и дух.

Доколку се пронаоѓате во овие неколку работи, време е да размислите подетално за оваа одлука!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот