Дали спонтаноста може да нè направи посреќни?

unsplash

Во денешното „зафатено“ општество водено од технологија, се чини дека спонтаноста веќе ретко се случува. Имаме апликации што ги заменија патоказите, имаме синхронизирани календари што постојано нè потсетуваат за родендени на пријатели или семејни планови.

Истражувањата сугерираат дека презафатеноста може да ја „задуши“ нашата креативност, а преполниот календар може само да предизвика стрес и вознемиреност.

Да се планира и стратегизира е потребно, но само кога е умерено“, објаснува Алисон Калан, коавтор на книгата „You Are Meant For More’.

Кога имате премногу стриктна рутина, тоа може да предизвика да се чувствувате премногу стегнати. Не сте отворени за нови искуства што не се усогласуваат со вашиот план, иако може да бидат интересни. Кога сме заглавени во нашиот мрачен поглед на животот „по рецепт“, ние ги игнорираме сите „чуда“ во светот што можат да ни се случат“, објаснува таа.

Придобивки од спонтаност

Да бидеме отворени за спонтани настани и да му дадеме време на нашиот мозок да размислува отворено, наместо да брза од една планирана активност до друга, може да биде од голема корист за нашето емоционално здравје.

За мене, постојат два специфични и позитивни ефекти на нашиот ум од спонтаноста“, објаснува Наоми Лајт – по професија „life coach“.

Една од нив е тоа што го поттикнува начинот на размислување што резултира со креативност и ја подобрува нашата емоционална интелигенција и интуиција. Со редовно изложување на нови искуства, ние се подобруваме во слободните и непланирани активности, а воедно ја подобруваме и нашата способност за решавање проблеми“, додава таа.

Другиот ефект е дека спонтаноста се заснова на изненадување. Емоцијата што ја добиваме од изненадувањето е корисна (терапевтски), се додека станува збор за добро изненадување. Таа емоција може да го пренасочи нашиот ум на емоции на доверба, љубов и радост. Тие, за возврат, ќе предизвикаат производство на среќните хормони за кои толку многу слушаме“, објаснува Наоми.

Децата се спонтани. Имаат рутини, но имаат и имагинација, времето е мистерија и секогаш го бараат непознатото. Ова овозможува вистински да го истражиме светот. Додека возрасните, сепак, „имаат планови“. Мислиме дека знаеме што да очекуваме од светот околу нас, како „треба“ да реагираме на настаните и што да чувствуваме за проектираните исходи и можности“, додава таа.

Но, овој „возрасен“ начин на размислување не ни дозволува да растеме и да се развиваме иако не го гледаме тоа. Излегувањето од циклусите што ги создаваме ни овозможува да ја зголемиме нашата „еластичност“ кон животот. Кога живееме „автопилот“, ние им дозволуваме на нашите рутини да диктираат предвидливо да реагираме на ситуациите.

Животот ни фрла многу предизвици и ако постојано сме „здрвени“ пред нив заради моќта на повторувањето, ние си го одрекуваме целото искуство на чувство, обработка и експанзија.

Но, ако сме присутни во моментот и ги избираме своите постапки инстинктивно, можеме да согледаме повеќе и да растеме емоционално, а со тоа да стнеме посилни за сите идни предизвици.

Искуството да уживаме во животот е да го живееме и да не го планираме секогаш, дозволувајќи ни да се водиме од моментот на нашите чувства и емоции. Ова се работите што ги прават спомените трајни и носат прекрасни чувства што нè обземаат со среќни хормони и благодарност“, потенцира Алисон.

Размислете за спонтаноста, дозволете си микро моменти на слобода. Со тоа само ќе си помогнете да станете поотворени и да ги слушате вашите инстинкти. Дозволете си да кажете не на работите што не ви носат радост.

Одете на бесцелни патувања, едноставно прошетајте се без причина. Симнете се од автобус на друга постојка, истражувајте. Некогаш кога случајно ќе помислите на некој стар пријател, земете го телефонот и јавете се. Животот е премногу краток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот