Сакате да ви врне додека сте на одмор? Француски хотел нуди попуст од едно евро за секој милиметар дожд што ќе падне
Во францускиот крајбрежен град Порник на атлантскиот брег, локалниот хотел „Ла Фонтен“ понуди поврат на едно евро на секој турист за секој кубен милиметар дожд што ќе падне за време на нивниот престој во хотелот.
Препорачано
Со 35 последователни дена врнежи од дожд на почетокот на оваа година, јануари и февруари беа особено влажни месеци во Франција. Оваа специјална понуда важи до 30 април. Установата се надева дека ќе ги промени перцепциите на туристите за дождот , пишува „Фигаро“.
– Јануари е обично доста мирен на атлантскиот брег. Оваа година, февруари беше особено влажен и тоа имаше негативно влијание врз туризмот – рекол Стефан Бертран, менаџер на хотелот „Ла Фонтен“.
Тој објасни дека е вообичаено гостите од блискиот Нант да ја проверуваат временската прогноза за викендот на крајот од неделата.
– Ако времето е убаво, тие доаѓаат, а ако не е, тие не доаѓаат. Но, времето на нашиот атлантски брег постојано се менува – додал Бертран.
Хотелот „Ла Фонтен“ ја доби лиценцата „Зелен клуч“ за одржлив туризам во областа на сместувањето и угостителството, а претходно оваа година ја доби и наградата „Семеен избор“, со што се признава како место погодно за деца.


