Дали ова е најзгодниот светски пар? Никол и Том ги покажаа своите обликувани тела на плажа (ФОТО)

инстаграм

Пејачката и спортистот вредно работат на своите тела…

Членката на групата „The Pussycat Dolls“ Никол Шерцингер ужива во романсата со Том Еванс, поранешен репрезентативец на Шкотска во рагби.

Пејачката и спортистот се еден во друг премногу вљубени, а за тоа сведочат и нивните бројни заеднички објави на Инстаграм.

Според многумина, Никол и Том се најзгодниот познат светски пар, а тоа го докажа и нивната нова фотографија.

Имено, тие двајца се разголеле на плажа, Шерцингер во бикини, Еванс во шорцеви, а во преден план беа нивните совршено обликувани тела.

Фотографијата гордо ја објави Никол на нејзините профили на социјалните мрежи.

Лајковите се редеа, како и позитивните коментари, а обожавателите им порачаа дека изгледаат фантастично.

Погледнете уште неколку нивни заеднички фотографии…

инстаграм
инстаграм
инстаграм
инстаграм
инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот