Дали Илон Маск стана вториот најбогат човек во светот и го надмина Бил Гејтс?

Се чини дека Илон Маск продолжува да се искачува повисоко на ранг-листата на најбогати луѓе во светот. Нето-вредноста на извршниот директор на „Tesla“ повторно порасна, бидејќи акциите на неговите електрични автомобили достигнаа рекордно ниво, зголемувајќи ја неговата нето-вредност на 127,9 милијарди долари, според индексот на „Bloomberg Billionaires“, кој ги следи 500-те најбогати луѓе во светот.

EPA-EE
EPA-EFE

За само неколку часа Маск се најде малку над Бил Гејтс, ко-основачот на „Microsoft“ кој е втората најбогата личност во светот, чие богатство се проценува дека вреди 127,7 милијарди американски долари.

Богатството на Маск е директно поврзано со „Tesla“. Неговиот најголем адур де факто се акциите на компанијата, од кои последно поседуваше околу 20%.

Оваа година се покажа како многу добра за него. Досега, во 2020 година, акциите на компанијата се зголемија за скоро 524%, помагајќи му на Маск да додаде над 100 милијарди долари на неговото богатство. Тоа е повеќе од кој било на глобалната листа на богати, објавија од „Bloomberg“.

EPA-EFE
фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Сепак, светот не смее да заборави дека Гејтс веројатно би бил уште поголем милијардер, но тој и неговата сопруга Мелинда Гејтс славно ветија дека поголемиот дел од своето богатство ќе го дадат во добротворни цели.

Прв на листата на најбогатите личности во светот, останува извршниот директор на компанијата „Amazon“ Џеф Безос со богатство во вредност од 182 милијарди долари.

Таа е најбогатата жена на планетата: По разводот со Џеф Безос ги надмина сите други жени по богатството

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот