Таа е најбогатата жена на планетата: По разводот со Џеф Безос ги надмина сите други жени по богатството

Profimedia
Profimedia

Писателката и филантроп Мекензи Скот стана најбогатата жена на светот. Со богатство од дури 68 милијарди долари ја претекна и челничката на „Лореал“, Франсоа Бетенкур Мејерс, судејќи според најновите индекси на богаташите кои ги објавија американските медиуми.

Скот вниманието на јавноста го привлече како сопруга на Џеф Безос, основачот на „Амазон“, а особено по разводот со него минатата година. Токму разводот ја направи најбогата жена на планетата бидејќи во бракоразводната парница доби четири отсто удел во Амазон. Поради карантинот кој беше воведен со појавата на коронавирусот, интернет продажбата се зголеми, а цените на акциите на „Амазон“ пораснале за 3.500 долари од почетокот на годинава.

Џеф Безос и Мекензи Скот во Рим, 11 мај 2017/Profimedia

Но Мекензи во парницата се откажала од многу работи.

„Среќна сум што бракоразводната парница е зад мене и што со Џефри успеавме за сѐ да се договориме. Мило ми е што многу мои пријатели се радуваат што ќе останеме во добри односи и што заедно ќе ги воспитуваме своите деца. Среќна сум што му ги пропуштам своите интереси во Вашингтон пост, Блу ориџин и 75% од нашиот удел во Амазон“, напиша Скот на Твитер.

Безос и Скот на доделувањето на Златен глобус/Profimedia

После тоа и Безос преку социјалните мрежи на бившата сопруга ѝ се заблагодари за поддршката и љубезноста.

Мекензи со Џеф била од самите негови бизнис почетоци, а во брак поминаа 25 заеднички години. И покрај тоа што не откриваа дека имаат проблеми во бракот, во јавноста излезе неговата афера со водителката Лорен Санчез, по што следеше и развод на бракот на Безос и Скот.

Лорен Санчез и Џеф Безос/Profimedia
Profimedia
Лорен Санчез и Џеф Безос/Profimedia
Лорен Санчез и Џеф Безос/Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот