Ивица Дачиќ /EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Дачиќ сè уште е во сериозна состојба – хроничните болести и тешката пневмонија го загрозуваат неговиот живот

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ е на интензивна нега на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија, каде што е поврзан со механичка вентилација. Неговата борба со тешка билатерална пневмонија продолжува, но она што ја комплицира клиничката слика се некои коморбидитети што ги има, објави утрово „Блиц“.

Неговата состојба е дополнително комплицирана од хронични заболувања, вклучувајќи дијабетес и срцеви проблеми, кои се опасни по живот.

Докторот Спасоје Попевиќ, кој ја следи состојбата на Дачиќ, утрово изјави дека тој засега е стабилен, но дека и натаму борбата продолжува.

„Мерките за интензивна нега продолжуваат. Засега е стабилен, мирно ја помина ноќта“, изјави помошникот-директор на Клиниката за пулмологија, Спасоје Попевиќ, во изјава за новинарите пред Клиниката за пулмологија, каде што е хоспитализиран Дачиќ, пренесе РТС.

Докторот рече дека ќе ја информира јавноста за нови информации за здравствената состојба на Ивица Дачиќ во 17 часот.

Министерот за внатрешни работи и претседател на СПС, Ивица Дачиќ, во средата беше итно хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Универзитетскиот клинички центар на Србија, поради тешка билатерална пневмонија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера го посети 60-годишниот Дачиќ во болница пред да замине за Казахстан.

Дачиќ вечерва е итно примен во болница, го ставиле на апарати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот