Дачиќ и Вулин утре ќе ја примат руската вакцина против ковид-19

Според соопштението на Владата на Србија, претседателот на Собранието, Ивица Дачиќ и министерот за внатрешни работи Александар Вулин утре ќе ја примат руската вакцина против корона вирусот „Спутник V“.

Владата наведе дека вакцините ќе ги добијат и Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на нуклеарна енергија и директорката на Институтот за биоциди и медицинска екологија, Драгана Деспот.

Тие ќе бидат вакцинирани на Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ во 11:00 часот.

Како што беше претходно најавено, оваа недела 2.400 граѓани ќе примат дози од руската вакцина против коронавирус.

Вакцинацијата во Србија започна на крајот на декември кога во Србија пристигна првиот круг на вакцина Фајзер против коронавирус, а вакцината ја примија премиерката на Србија Ана Брнабиќ, министерката за труд и социјална политика Дарија Кисиќ Тепавчевиќ и членот на кризниот штаб и епидемиологот Предраг Кон.

Вакцинацијата на здравствените работници против вирусот корона започна во Србија денес, а првите кои ја примија вакцината беа медицинските лица во Клиничкиот центар на Србија.

Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Шерлек, вели дека околу 3.000 здравствени работници во Србија ќе бидат вакцинирани во текот на денот, а околу 1.200 само во Белград, пренесоа српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот