Д-р Митов: Во Македонија ќе има големи бројки – Имаме случаи кои не се детектирани, а истите луѓе шетаат

-Она што ги загрижува научниците во Италија е што се уште не можат да ги видат резултатите од карантинот. Смртноста е запрепастувачка. Претпоставките се дека иницијално толку многу се проширил вирусот што сега е тешко да се контролира, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ д-р Александар Митов.

За сериозноста на ситуацијата говори и првото вонредно обраќање на Меркел во последните 15 години, кое беше на ниво на светска војна.

-Во последниве 24 часа имаме информции кои имаат капацитет да бидат најава за пресвртница. Италија објави анализа на моменталната смртност – таму се вели дека 99 осто од случаите се само кај пациенти кои што имале една, втора или трета болест. Е сега не знам колку е етички да се шири оваа информација, бидејќи кај младите може да предизвика сигурност и како преносители на вирусот тоа е многу лошо за останатите, изјави д-р Митов.

Тој изрази загриженост дека младите нема да се држат до препораките за самоизолација.

-Исто така Французите објавија студија правена во Марсеј, која што укажува дека со лекови достапни, пред се антималариците, се постигнуваа речиси до 100% излеченост на вирусот. Ова експлодира во научниот свет. Но сепак нема подобар лек, бидејќи се уште нема здравствен систем кој во целост може да одговори, од тоа да се седи дома и да се избегнуваат контакти. Затоа апелирам се да се сведе на минимум, вели д-р Митов.

Во врска со ситуацијата дома, тој смета дека бројките ќе бидат многу поголеми.

-Во Македонија ќе има големи бројки. Имаме случаи кои не се детектирани, а истите луѓе шетаат. Тоа ја влошува драматично ситуацијата. Кога ние ќе почнеме нагло да бараме, ќе почнеме нагло да ги наоѓаме, изјави д-р Митов.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот