Д-р Андоновски: Маската задолжителна за деца над 10 години, треба да има задолжен човек на самиот влез во училиштата кој ќе мери температура

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Дали наставата ќе се одвива со скратени часови или во некои од  училиштата ќе се оди етапа по етапа сето тоа ќе биде прилагодено на моменти. Битно е да се сфати дека ние ќе мора да живееме со вирусот, социјалниот момент кај децата и нивното школување ќе треба да биде поставен од авторитети. Секој момент на одложување  на започнување на училишната година во иднина ќе не чини поскапо, изјави д-р Ангелчо Андоновски, директор на детската болница Козле во „Ја сакам Македонија“.

Андоновски во врска со прашањето за која возраст маските во училиштата ќе бидат задолжителни, рече дека се уште се водат дискусии, и дека за најмалите најважно ќе биде одржувањето на дистанцата.

– Се уште сме во дискусии за тоа какво модел ќе се прифати во однос на носењето маски во училиште. Пред се потреба е една едукација почнувајќи од најмалите за нив најважно е да се одржува дистанцата. Првачињата во оваа ситуација ќе бидат изоставени, носењето маска за нив ќе биде додатна психолошка бариера. Додека кај децата над 10 годишна возраст маската ќе биде задолжителна, рече Андоновски.

Тој истакна дека ќе има список на задолжение по протокол во врска со начинот на кој на децата од шестгодишна вораст ќе им се објасни дека не треба да се групираат.

– Прво училиштата ќе мора да ги исполнуваат поставените услови за да започне школската година, треба да има задолжен човек на самиот влез кој ќе ја мери температурата, ќе треба да има и човек кој ќе биде задолжен за да ја следи ситуацијата и се да се спроведува според протоколите, изјави Андоновски.

Конечната одлука за тоа каков модел ќе се примени за старт на школската година ќе се знае по 10-ти август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот