-4 C
Скопје

Цвеќе од кое застанува здивот: Амарилис е ѕвездено растение за разубавување на домот

Амарилис, витешка ѕвезда или џуџе како што е наречено, припаѓа на родот на луковични цветни растенија.

Потекнува од Централна и Јужна Америка, од каде е донесенo во Европа во 1918 година.

Со своите големи цветови во форма на инка, брзо го освои светот. Тоа е причината зошто многу љубители на градинарството го споредуваат со орхидеите. Поради интересниот и исклучително убав цвет, амарилисот е едно од најубавите и најбараните цвеќиња за затворен простор.

Расте на сончево место, но треба да се заштити од силното сонце на пладне. Од една луковица растат две до четири цветни стебла со неколку крупни цветови во бела, розева, црвена, виолетова боја или пак се двобојни или шарени.

Амарилис цвета од декември до март, или во пролет во април и мај доколку е засадено во февруари или март. Ако растението се одгледува дома, цвеќињата траат две до три недели.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Рецепт за леб со путер: Воздушен и мек, а притоа останува свеж три дена!

Садење на Амарилис

Во зима на почетокот од февруари или рана пролет, растението треба да се сади плитко. Амарилисот се сади во саксија каде што од работ до луковицата ќе останат 2 до 3 сантиметри.

Ставете песок или хидрокултура на дното на садот и наполнете го со добро исцедена почва (по можност мешавина од хумус и перлит). Засадете така што половина од луковицата е покриена со земја и веднаш додадете малку вода.

Чувајте го садот на темно место една недела и корените почнуваат да се развиваат, а потоа преместете го на топло место (над 20 степени).

Првата недела по садењето амарилисот не треба да се наводнува, а по десет дена кога ќе има израстоци наводнувајте го секој втор ден. Пренесете го на светлина и на не премногу топло место (на температура од 15 до 18 степени).

Прочитајте и...  ФОТО | Роберто Орданоски не и дава мир на Агнеса: „Кога ќе престанеш да се глупираш?“

Прво ќе се појави стебло, а потоа лист. Кога ќе се појави цветната пупка, започнете да го потхранувате растението со течно ѓубриво за цветни растенија.

Наводнувајте го Амарилисот три до шест дена, но со мала количина вода. Почвата не смее да се натопи премногу со вода, бидејќи ќе изгние или ќе се развијат габички што предизвикуваат уништување на лисјата. Кога растението цвета, треба да го прскате со вода за цветот да трае подолго.

Интересни факти

Можете да најдете различни варијации на амарилис по големина и форма на пазарите. Познати се малечки и високи форми, двојни или единечни цвеќиња.

Ако се чуваат во истиот сад во кој цветале (без пресадување) во текот на целата година, луковиците ќе се намалуваат со текот на времето, наместо да се зголемуваат. Доколку се купени во цут ќе цветаат и следната година.

Прочитајте и...  ФОТО | Легендарната актерка наполни 99 години: Мажите за мене секогаш беа хоби, иако тие не го знаеа тоа!

Ако продолжите со наводнување во есен или ако го чувате амарилисот на температура под четири степени, ќе цвета подоцна од предвиденото или воопшто нема да цвета.

Некои од интересните работи за цветот се дека самата луковица може да трае и до 75 години, а некои видови имаат дијаметар на цвет до 6 сантиметри.

Поврзани вести

Лиам Нисон се откажува од акционите филмови

Слободен печат

Синот на славниот супермодел Стефани Сејмур почина на 24 години

Слободен Печат

ВИДЕО | На 15 години имал мустаќи: Двејн Џонсон го претстави тизер трејлерот од автобиографската комедија „Young Rock“

Слободен печат

ФОТО | Легендарната актерка наполни 99 години: Мажите за мене секогаш беа хоби, иако тие не го знаеа тоа!

Слободен печат

Бен Афлек нема среќа во љубовта: По едногодишната врска убавата Ана го остави актерот

Слободен печат

Најдобрите акциски филмови за 2020 година: „Тенет“ не смеете да го пропуштите

Слободен печат

Остави Коментар