„Црвено-бела“ историја: Денот кога Атлетико ја освои титулата на „Камп Ноу“! (ВИДЕО)

фото: твитер

Херој на мадридскиот клуб беше Диего Годин кој после еден изведен корнер највисоко скокна и со глава ја смести топката во мрежата на Барселона.

Денеска „Ла Лига“ на својот официјален Твитер го објави натпреварот преку кој „јорганџиите“ успеаја да ја освојат јубилејната 10 титула.

Постигнат е договор, Шпанците најавуваат фудбалски маратон!

На денешен ден, 17 мај 2014 година, Атлетико Мадрид после 18 години чекање повторно се врати на врвот на шпанскиот фудбал.

Мечот на „Камп Ноу“ не започна најдобро за составот на Диего Симеоне, со повреди кај двајца важни играчи кои мораа предвреме да го напуштат теренот, Диего Коста и Арда Туран.

Тоа го искористи Барса за водство во 34 минута од средбата преку чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез. Но, херојот на гостите беше Уругваецот Диего Годин кој после еден изведен корнер највисоко скокна и со глава ја смести топката во домашната мрежа.

По бројот на титули во најсилното шпанско првенство на вечната листа далеку пред Атлетико се Реал Мадрид на првото место со 33, а на втората позиција Барселона со 26 трофеи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот