Црковен ковид кластер во Србија: Епископ кој служеше опело и литургија на погребот на Иринеј, од синоќа во болница

Фото: EPA-EFE/Marko Djokovic

Епископот крушевачки Давид кој вчера претпладне служеше опело и литургија на погребот на патријархот Иринеј, синоќа бил хоспитализиран во болницата „Драгиша Мишовиќ“, пренесува Нова.рс која изразува сомнеж дека тој веќе бил позитивен при испраќањето на поглаварот на Српската православна црква (СПЦ).

ФОТО: Комеморација за патријархот Иринеј во храмот Свети Сава, верници го бакнуваат стаклото

Епископот Давид во април беше поврзуван со ковид-19, наведуваат извори за Нова.рс. Засега е непознато во каква состојба е, но е потврдено дека е во болница.

И расчинетиот српски владика Артемије почина од коронавирус

Ковид-19 досега, како што е официјално објавено од СПЦ, е причина за пет смртни случаи на српски црковни лица. Покрај патријархот Иринеј, борбата со вирусот ја загубија и митрополитот Амфилохие, расчинетиот владија Артемие, епископот валевски Милутин и монахињата Нина.

Кое е мистериозното момче што присуствуваше на богослужбата во Храмот Свети Сава

ВИДЕО | Андоновиќ: Погребот на српскиот патријарх со нецелосни мерки за превенција од Ковид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот