Циркус во Германија ги замени животните со холограми

Instagram

Наместо вистински слонови, лавови, коњи и други животни, германскиот циркус „Roncalli“ веќе користи нивни холограми, односно тродимензионални верзии на слики создадени со ласерска светлина.

Германскиот циркус „Roncalli“ ги забавува своите посетители со изложби на животни, акробатика и циркусна уметност од 1976 година и е еден од најпозатите циркуси во светот.

youtube
Принтскрин / Youtube

Но, во последните години тие се префрлија на посовремени техники за да ги покажат своите уникатни таленти.

Во обид да се избегне традиционалната презентација на животните, циркусот почна да користи холограми наместо вистински животни.

Шоуто се одвива како и обично, само што наместо вистински животи се појавуваат „3D“ холограми и проекции.

Ние завршивме добра работа. Направивме холографски круг бидејќи сцената во циркусот е кружна“, изјави Бернхард Пол, основач и директор на циркусот, додавајќи дека преминот кон дигитални животни е добро прифатен од посетителите ширум светот.

Instagram
Instagram

Се повеќе зоолошки градини и циркуси ја менуваат традиционалната практика и систем на работа со животни. Слични промени се случуваат во Ирска, Италија и Индија, пишува „IFL Science“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот