Цената на нафтата со вртоглав пад на светските берзи

Илустративна фотографија / СП. архива

Утрово црното злато се тргуваше по цени на најниско ниво во последните 20 години.

Цената на американската нафта утрово падна на близу 20 долари за барел веднаш по отворањето на пазарот, што е близу до најниското ниво во последните 20 години…

Утрово цените забележаа пад за повеќе од шест проценти, пренесува „Фајненшл тајмс“…

И нафтата од типот Брент, падна за шест проценти, достигнувајќи вредност од 23,03 долари за барел, што е најниска цена од 2002 година…

Во Азија цената на нафтата е намалена за 5,8 проценти на 23,50 долари…

Како причина за падот на цените на нафтата се наведува затворањето на пазарите во Европа и Северна Америка, што ја намали побарувачката за овој енергенс…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот