Цеца отпатува на гости кај снаата со целото семејство, а во автомобилот малку им запеа (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Фолк-ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ со сестрата Лидија и нејзиното семејство од Београд отпатуваа за Тител, а на својот профил на Инстаграм сподели видео од автомобилот.

И додека нејзиниот зет Предраг Оцокољиќ управува со воланот, а нејзината сестра со децата седат отпозади, Цеца го зема телефонот за да ја сними атмосферата, а успат и запеа.

Цеца продолжила да снима и кога пристигнала во Тител (родното место на нејзината снаа), каде се придружила на својот син и бремената снаа Богдана, која веќе влезе во деветиот месец.

– Тител… убавина – напишала Цеца на едно од видеата.

Инаку, пејачката и нејзиното семејство денеска имаат посебна причина за славење, бидејќи е роденден на еден од нејзините внуци..

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот