Царовска: Со мерките одвоивме средства за поддршка на занаетчиите

Според последните податоци над 5.000 занаетчии во месеците мај и јуни ја искористија мерката за финансиска помош за исплата на плати од 14.500 денари

Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска денеска се сретна со претставници на фризерските салони со кои разговараше за нивното работење за време на корона кризата.

Царовска на средбата истакна дека во изминатиот период Владата донесе три сета економски мерки со коишто освен микро, малите и средните бизниси беа опфатени и занаетчиите, односно самостојните вршители на дејност.

-Како одговорна Влада при носењето на мерките водевме сметка да бидат опфатени што поголем дел од бизнисите. Според последните податоци над 5.000 занаетчии во месеците мај и јуни ја искористија мерката за финансиска помош за исплата на плати од 14.500 денари. Со оваа мерка на занаетчиите каде што влегуваат и фризерите им овозможивме полесно премостување на периодот кога целосно не работеа, посочи Царовска.

На средбата се дискутираше и за идните предизвици и мерки за олеснување на работата на фризерите и другите самостојни вршители на дејност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот