Цветановска претпоследна на трката од Светскиот куп во крос кантри

Ана Цветановска/ фото: Македонски олимписки комитет

Најдобрата македонка нордијка Ана Цветановска денес учествуваше во индивидуалната трка во сезоната на Светскиот куп во крос-кантри.

Трката се одржуваше во швајцарскиот Давос, а 22-годишната Макендока заврши на претпоследното 45. место со време од 1:05:10. Со ова време Цветановска заостануваше 14:28 минути зад победничката Џесика Дигинс.

На втората позиција заврши Игвилд Флугстад Остберг, подиумот го дополни уште една Американка, Рози Бренан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот