„Цвет Бистро“

ЦВЕТ БИСТРО – општествено одговорен угостителски објект во Скопје

На нашиот официјален инстаграм-профил @slobodenpecat, сосема спонтано и автентично – на ваше барање, а на наше задоволство – започнавме иницијатива за поголема видливост на традиционалните медиуми преку понуда за читање весници во македонските угостителски објекти.

Еден од угостителските објекти кои се приклучи на низата општествено одговорни угостителски објекти е „Цвет бистро“, релативно ново место создадено за уживање во автентични гастрономски искуства.

„Цвет Бистро“ / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

На сончевиот агол на улицата „Фрањо Клуз“ во скопската населба Аеродром, се наоѓа едно навистина уникатно место со симпатично име, „Цвет бистро“ и иако е релативно ново, ова бистро веќе стекна добра репутација во градот.

За „Цвет“ првично дознавме преку социјалните мрежи – нашето љубопитно око се почесто забележуваше дека локалци споделуваат фотографии од некое ново, префинето место. Oна што го истакнуваше „Цвет“ од  другите споделени фотографии од локални угостителски објекти, на прв поглед, дефинитивно е начинот на кој ја презенираат храната.

Фото: „Цвет Бистро“

Одеднаш, зачестуваа фотографиите со специјалитети подготвени и сервирани со многу внимание, послужени во веќе препознатливи, големи бели чинии со ретро-минималистички декор, парирани со стилски прибор и уште попрефинети чаши за пијалаци.

Фото: „Цвет Бистро“

Набргу откако дознавме за „Цвет“, се сретнавме со луѓето кои го создадоа и дознавме повеќе за приказната, идејата и целта на ова убаво бистро, во секоја смисла на зборот. Но пред да ве доближиме до сето тоа, би сакале да го опишеме ентериерот на „Цвет“, бидејќи штом влеговме, премногу детали го задржаа нашето внимание.

„Цвет Бистро“ / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Штом зачекорите во „Цвет“, ќе ве пречека љубезен и професионален персонал, чии униформи се во бела боја, која преовладува во целиот простор. Лево од влезот се наоѓа масивен, естетски привлечен, простран шанк преку кој може да гледате како се приготвува вашиот избор за храна или пијалак. На спротивната страна има неколку маси за седење, сместени до стаклен ѕид.

Фото: „Цвет Бистро“

Поделбата на просторот во две целини ја прави една поголема маса, на која може да седнат повеќе луѓе. Оваа маса ни е омилена во целиот простор, поради уникатниот декор на истата.

„Цвет Бистро“ / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Иако во духот на местото, цвеќе во бистрото има секогаш на повеќе места, секогаш кога сме го посетиле „Цвет“, на оваа маса внманието го крадат цветните аранжмани токму на оваа маса.

„Цвет Бистро“ / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Но, тоа што најмногу ни се допаѓа за конкретната маса, е што на неа секогаш има и еден навидум обичен, но впечатлив и автентичен детал на ова место: секогаш има голема корпа со свежо овошје, што придонесува за уште поубава атмосфера во просторот, создава свежа енергија и пријатно чувство.

Над масата има масивен, раскошен лустер со блескави кристали за глам-атмосфера, а тапацираните седишта оддаваат удобоност и квалитет.

Фото: „Слободен печат“

Останатиот дел во просторот е исто така префинето уреден во модерен, глам-елегантен стил во кој доминираат нежно сиви и бели тонови за софистицирана и смирувачка позадина. Особено внимание е посветено и на позадинското осветлување околу заоблените огледала, а до нив има бели цветни ѕидни украси, кои со цвеќињата на масата додаваат мекост и нежност без да го преоптоварат просторот. Целокупниот аранжман делува промислено и внимателно одбран.

Фото: „Цвет Бистро“

Во целиот објект преовладуваат чистите линии и форми во сите сегменти и иако декорот е сеприсутен, никаде не преовладуваат тешки елементи, како би се одржала леснотијата и едноставноста. Како што споменавме погоре, „Цвет“ се наоѓа на сончев агол, па затоа и дневните прошетки до ова бистро се особено пријатни, бидејќи дневната светлина и сончевите зраци дополнително ја истакнуваат убавината на просторот.

„Цвет Бистро“ / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

Значи, веќе ви станува јасно дека во ова бистро е вложено многу труд и внимание да се вкуси менито во соодветна атмосфера. Но, допрва ќе зборуваме за храната, приготвена за уживање и задоволување на сетилата за вкус и естетика. Како и самото бистро, така и менито е во соодветен дизајн: бел, во минималистички стил, фонтот е чист и санс-серифен, податоците се презентирани јасно и читливо. Менито е поделено на неколку сегменти, како супи, стартери, лади предјадења, главни јадења, пинца, десерти, сокови, лимонади, кафе и алкохолни пијалаци.

Фото: „Цвет Бистро“

Содржината на менито, односно опциите кои можете да ги вкусите во „Цвет“ се како пасош за патување низ светските вкусови, но со удобност, бидејќи нема да се чувствувате оптоврени од неразбирливи состојки или премногу експериментални комбинации. Достапни се класични комфортни вкусови, како крем супа, грчка салата, помфрит пармезан – сигурни избори кои речиси секогаш ќе ја најдат својата публика, како совршена придружба за друштвени разговори и релаксирачки моменти.

Фото: „Цвет Бистро“

Интернационалната инспирација е сеприсутна во менито, од хумус и лабне како автентични стартери од Блискиот Исток, преку цезар салата со катцу елемент кој сугерира азиски влијанија, до карбонара за љубителите на италијанската кујна. Кујната вистински ги покажува своите вештини ога станува збор за главните јадења, нудејќи палета на избор кои ветуваат и возбуда и удобност во изборот – ова е дел од менито каде се ужива во суштинскиот дел од искуството во „Цвет“.

Фото: „Цвет Бистро“

Така, за оние кои бараат припадност, но и пресврт, пилешката шницла во ромеско сос е совршен спој на познатото и интригантното, зашто многумина уживаат во препознатливоста на добрата шницла, но тајната е во ромеско сосот, шепот на мистерија што ќе ве натера каква приказна ќе ви открие.

Фото: „Цвет Бистро“

За пософистицирано и морско доживување, достапни се школки со сладок чили сос, како идеален спој на леснотијата на морските плодови со примеси од азиски допир, ракчиња, како и свежиот лаврак (бранцин). За љубителите на комфортни и очекувано добри вкусови, од италијанската кујна се издвојува италијанската класика, паста Карбонара, но и филето од мисирка со пире и лососот со благ компир ветуваат едноставност и совршена комбинација на вкусови што секогаш функционираат. За вистинските гурмани, препорачуваме да го пробате говедскиот бифтек (Таглиата, говедско ладно), јадење кое се служи ладно и ветува извонредна текстура.

Фото: „Цвет Бистро“

Преминуваме на пинцата, како совршено јадење за споделување, или пак нешто што може да си го подарите сами на себе, без грижа на совест. Во „Цвет“, класичната пинца добива елегантен пресврт преку пинца со тартуфи и пармезан, пинца со лосос и пармезан и пинца со ромеско шунка.  Кога станува збор за десертите, и баскијскиот чизкејк и чоколадниот ганаж добиваат многу позитивни рецензии на профилите на „Цвет“.

Фото: „Цвет Бистро“

Пијалоците во „Цвет“ имаат особено добра репутација и поради вкусот, но и самата презентација. Многу посетители се навраќаат по нивните уникатни опции за мача, пијалак кој се повеќе добива на популарност, која е достапна во повеќе вкусови. Вниманието го привлекуваат и неколкуте лимонади како една од најсвежите опции за разладување. Можете да се одлучите од неколкутуте уникатни опции како лимонада со грејпфрут и маракуја, јагода, јаболка, киви и мохито. Од коктелите се истакнува оној што го носи името на бистрото, цветниот коктел, а доколку не ви се експериментира, можете да се одлучите и помеѓу класичните, добро познати опции. Останатиот дел од алкохолоното мени ги содржи добропознатите квалитетни пијалаци.

Фото: „Цвет Бистро“

Тимот зад „Цвет“ вели дека го создал ова бистро како „производ на град што е уморен од бучава“. Целта им била да создатат простор во кој се чувствуватопла светлина, се слуша музика што не пречи на разговор, место каде можеш да отидеш со луѓе со кои можеш удобно да молчиш, со кујна во која познатото секогаш има неочекуван допир. Токму таа рамнотежа го прави „Цвет бистро“ препознатливо, неповторливо и вистинско место за уживање.

– Секој локал бара свој ритам, некои трчаат по трендови, други копираат туѓи формули. „Цвет бистро“ оди по свој пинтуитивен, топол, вистински пат. Ова место не е за показна гастрономија, ниту за преголема формалност, туку за вкус и внимание, за способноста да се биде едноставен, но не и здодевен, за храна што сакаш да ја јадеш, не само да ја сликаш. Иако, искрено, и тоа е тешко да се избегне.

Фото: „Цвет Бистро“

Стилот на „Цвет Бистро“ е опуштена интелигенција. Не бара дрес-код, но знае што е вкусот по кој се трага во ентериерот,  звукот, сервирањето, однесувањето на персоналот. Ентериерот не се натпреварува со храната, туку ја надополнува. Сѐ е на своето место, без клишеа.

„Цвет Бистро“ е и за оние кои се грижат за своето тело и младост, зашто ние разбираме дека грижата за себе не е само за физичка активност, туку многу повеќе. Постоиме за сите оние кои стремат кон баланс во животот, избираат квалитетни производи и ги почитуваат своите тела. Ние не бркаме совршенство, туку чувство. И токму така се роди и името – велат од „Цвет“.

Приказната за „Цвет“ настанала кога тимот се вратил од Варанаси во Македонија со една цел — да се најде место што ќе стане дом за бистрото, со цел да се создаде нешто ново, автентично, но и нешто што ќе се вклопи во атмосферата на градот.

Еднаш, во потрага по инспирација, отидов да ја посетам својата тетка. И, можеби токму оваа случајност ме доведе на аголот каде што сега се наоѓа „Цвет“. Тогаш тука беше празно. Околната улица беше тиха, но во тоа имаше нешто посебно. Почнав да го набљудувам просторот. Кој живее тука? Кој поминува на оваа улица? Што недостастува во овој сончев агол? Во тој момент, концептот за бистрото целосно се изгради. Решив дека тоа ќе биде местото за тие што го ценат не само вкусот, туку и философијата која стои зад него, велат од тимот на „Цвет“.

Фото: „Цвет Бистро“

Од „Цвет“ велат дека брендот е отворен за нови идеи и не се плаши да експериментира со вкусови и концепти, истакнувајќи дека сета креативност е секогаш избалансирана и подредена на општата филозофија на местото, атмосфера на умот и хармонија.

„Цвет бистро“ би го опишале како место за секој дел од денот со оброк што не се врзува за време, туку за состојба; дестинација за сите оние што сакаат длабочина во едноставното, чиста естетика и убава храна во простор што дише, простор во кој секоја боја има свој звук и секој гостин свое омилено место. Се читаме во „Цвет“ на масата со овошките.

„Цвет Бистро“ / Фото: Слободен печат – Драган Митрески

П.С. На 5 декември 2025, „Цвет Бистро“ го слави својот прв роденден! Во програмата најавуваат ново мени од гостин-шеф од Грција, Сискос Константинос, диџеј сет од Sempre Music и уште многу интересни попусти.

Тука се чита весникот Слободен печат: МАПА на општествено одговорни угостителски објекти низ Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот