ЦСКА Софија не сака да игра во Скопје против Македонија ЃП!?

работнички македонија ѓп
ЦСКА Софија е противникот на Македонија ЃП во Лигата на конференции/Фото: facebook.com/fcrabotnicki

Како што е веќе познато, само 60 билети Македонија ЃП ѝ доделува на ЦСКА за првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на конференции.

А како што наведуваат бугарските медиуми причината поради тоа е препораката од локалните власти со оглед на односите меѓу двете земји и протестите кои се водат во Скопје.

Бугарите прашуваат дали воопшто треба првиот натпревар (21 јули) од овој двомеч да се игра во нашиот главен град.

Европската фудбалска куќа (УЕФА) има практика брзо да реагира при политички тензии и да ги испраќа натпреварите на неутрални терени. Во конкретниот случај, дури и ова е повеќе од погодно, бидејќи српскиот град Ниш е блиску до двата главни града.

Во последните години, УЕФА не дозволува да се сретнат меѓу себе клубови од Ерменија и Азербејџан, како и од Русија и Украина да се сретнат во УЕФА натпреварувањата.

Доколку ЦСКА Софија ја контактираат УЕФА за проблемот, голема е веројатноста Нион да направи промена. Според Бугарите ова не важи за реваншот на 28 јули, бидејќи во Софија нема слични чувства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот