ЦСКА Софија се жали: Добивме само 60 билети за натпреварот со Македонија ЃП

ЦСКА Софија ќе добие поддршка на дуелот во Скопје/Фото: EPA/VASSIL DONEV

Македонија Ѓорче Петров летово ќе настапува во квалификациите на Лигата на конференции, во второто коло за противник го има составот на ЦСКА Софија.

Првиот натпревар помеѓу освојувачот на македонскиот Куп и бугарската екипа ќе се одигра на 21 јули во Скопје на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“. Реваншот ќе биде во Софија на 28 јули на стадионот „Бугарска армија“.

Бугарскиот клуб на својот клупски веб сајт ја информираше јавноста дека доби само 60 билети за своите фанови за првите 90 минути во Скопје.

– Почитувани пријатели, ве информираме дека стадионот (Петар Милошевски) на кој ќе се игра натпреварот на 21.07.2022, има капацитет од 1152 места. По правила на УЕФА во продажба ќе бидат пуштени 60 билети за вашите навивачи. Продажбата на истите ќе започне 12.07.2022 на karti.com.mk – пишува во пораката на Македонија ЃП до ЦСКА Софија.

Цената на билетите е 300 денари за првиот натпревар во Скопје.

– По напорните разговори по ждрепката, македонскиот клуб првично беше подготвен да пушти во продажба многу повеќе места за симпатизерите на ЦСКА. Оттаму не ја прифатија идејата на армиските раководители мечот да се игра на националниот стадион во Скопје, за да присуствуваат сите што сакаат. На крајот, домаќините по консултации со ФФМ и полицијата решија да го намалат бројот на армиски навивачи на 60. Воедно беше променето и терминот за почеток на натпреварот во Скопје. Мечот ќе започне во 17.30 часот – информираат од ЦСКА Софија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот