ЦСКА Москва и Емил Рајковиќ без финале во ВТБ лигата

фото: instagram.com/cskabasket

Кошаркарите на Локомотив Кубањ непријатно го изненадија фаворитот ЦСКА Москва во седмиот решавачки натпревар од полуфиналниот плеј-оф во ВТБ лигата и се пласираа во финалето на националниот шампионат.

ЦСКА Москва предводена од македонскиот тренер Емил Рајковиќ загуби во „мајсторката“ со 103:100 по едно одиграно продолжение.

Играчите на ЦСКА Москва после првото полувреме со 47:39, го контролираа резултатот и во третата четвртина по која исто така имаа „плус осум“ позитива (68:60), но во последниот период се врати Локомотив Кубањ кој се избори за продолжение кое го доби со 18:15.

Во победничките редови истакна Окаро Вајт со 21 поен, а на спротивната страна Швед се истакна со 22.

Локомотив Кубањ во финалето ќе игра против Зенит или Уникс Казан на нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. И овие две екипи ќе играат седми решавачки меч во вторник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот