Црвена звезда си закажа пресметка со Макаби за пласман во Лигата на шампионите

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Фудбалерите на Црвена звезда и во реваншот го совладаа Пјуник Ереван со 2:0 и се пласираат во плеј-офот за пласман во групната фаза во Лигата на шампионите.

За пласман во групната фаза од елитното натпреварување Црвена звезда ќе игра против израелскиот шампион Макаби Хаифа кој беше поуспешен во двомечо со Аполон.

Српскиот шампион во третото коло од квалификациите за ЛШ го реши Пјуник со убедливи 7:0 и си обезбеди најмалку учество во групната фаза во Лигата на Европа, но премијата е Лигата на шампионите за која ќе се бори со Макаби.

Победата на „црвено-белите“ ја обезбедија Канга со голот од пенал во 44 минута и Павков во 60 минута.
Макаби Хаифа загуби во реваншот од Аполон со 2:0, но залихата од четири гола од првиот натпревар им беше доволна за пласман во плеј-офот.

Во него ќе играат и Бодо/Глимг кој ремизираше со Жалгирис 1:1 откако во првиот дуел победи со 5:0. Викторија Плзењ повторно со 2:1 го совлада Шериф Тираспол.

Резултати:
Жалгирис – Бодо/Глимт 1:1 (0:5 прв натпревар)
Аполон – Макаби Хаифа 2:0 (0:4)
Пјуник – Црвена звезда 0:2 (0:5)
Викторија Плзењ – Шериф 2:1 (2:1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот