Црвена звезда пред мечот со МЗТ се засили со Мирослав Радуљица
Мирослав Радуљица (34) е нов кошаркар на Црвена звезда, а на официјалниоот сајт на „црвено-белите“ е објавено дека е потпиша договор на две години.
Радуљица е висок 213 сантиметри, поранешниот центар на ФМП Железник, Анадолу Ефес, Партизан, Милвоки бакс, Минесота, Панатинаикос, Армани..
Тој се враќа во Европа за првпат по 2017 година, кога замина во Кина.
Радуљица освои три сребрени медали со репрезентацијата на Србија на Олимпијадата во 2016 година, Светското првенство во 2014 година и Европското првенство во Полска во 2009 година. Како капитен ја предводеше репрезентацијата на СП во 2019 година.
Ова засилување доаѓа непосредно пред првиот меч во новата сезона од АБА лигата помеѓу актуелниот шампион Црвена звезда и македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром кој ќе се одигра на 1 октомври во Белград.