Црногорското собрание одлучи да испрати припадници на војската во Украина
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници на Војската на Црна Гора (ВЦГ) во Мисијата за воена помош на Европската унија за Украина (EUMAM UA).
Препорачано
49 пратеници гласаа за одлуката, а тројца беа воздржани.
Во образложението за одлуката за испраќање припадници на црногорската армија во Мисијата се наведува дека таа е „со цел зајакнување на капацитетите на украинските вооружени сили за одбрана на територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници и како средство за одвраќање и одговор на сегашните воени офанзиви на Руската Федерација, како и други потенцијални агресори“.
Опозицијата го обвини претседателот на парламентот Андрија Мандиќ, противник на НАТО и поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин, за попречување на неговото усвојување. Неговата партија, која е дел од владејачката коалиција, се спротивставува на членството во Алијансата и на санкциите што Црна Гора ги воведе врз Русија поради нејзината агресија врз Украина.
Објаснувајќи ја одлуката, министерот Драган Краповиќ постојано повторуваше дека „нема прашање“ црногорските војници да бидат распоредени во оваа мисија на територијата на Украина.
„Сакам да биде кристално јасно. Никогаш не би поддржал нешто такво. Сите активности на оваа мисија се спроведуваат на територијата на ЕУ, во Полска и Германија“, нагласи министерот.


