Фото: Приватна архива

Црногорски политичар е брутално претепан, ќе му ја оперираат вилицата

Советникот на коалицијата „За иднината на Подгорица“ во Советот на црногорскиот главен град и функционер на партијата Обединета Црна Гора, Миливоје Брковиќ, е тешко повреден откако бил брутално претепан во Подгорица, јавија црногорските медиуми.

При нападот, на Брковиќ му била скршена вилицата со метален предмет, а поради сериозноста на повредите бил хоспитализиран и го очекува хируршка интервенција.

Брковиќ за локалните медиуми изјавил дека инцидентот се случил на Булеварот на револуцијата околу полноќ, а претходно забележал две возила кои се движеле паралелно и го блокирале коловозот, по што едното возило застанало на проширување покрај патот.

Тој тврди дека во автомобилот имало жена која ја познавал од претходно како политички активист и дека таа побарала помош, тврдејќи дека е следена од човекот во другото возило.

„Кога излегов од автомобилот, еден ме препозна и веднаш потоа добив удар со тврд предмет во пределот на брадата. Паднав и ја изгубив свеста, а нападот продолжи со удари по главата“, изјавил Брковиќ.

Според медиумските информации, во нападот учествувал маж од Подгорица кој им е познат на безбедносните служби.

Засега не се знаат мотивите за насилството.

Уапсен е Русин во Црна Гора: Злоупотребувал девојче, насила го држел во стан

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот