Полиција во Црна Гора / илустрација / Фото: МИА

Уапсен е Русин во Црна Гора: Злоупотребувал девојче, насила го држел во стан

Полицијата во Цетиње го уапси рускиот државјанин В.З. (32) поради сомнение дека сторил кривично дело вонбрачна заедница со малолетно лице, во комбинација со кривично дело насилство во семејството или во семејна заедница, како и кривично дело противправно лишување од слобода, на штета на малолетна руска државјанка, пишуваат црногорските медиуми.

„В.З. се соминичи дека во континуиран временски период подолг од шест месеци, на територијата на Цетиње, живеел во заедница со малолетно лице, при што го нарушил нејзиниот ментален и физички интегритет контролирајќи ги нејзините контакти, движење и комуникација, како и употреба на насилство“, соопшти полициската управа.

Мажот во неколку прилики го држел девојчето заклучено и во собата од станот каде што живееле.

Тој е уапсен по наредба на Основното државно обвинителство во Цетиње поради сомнение дека ги сторил горенаведените кривични дела, по што му е одредена мерка притвор во рокот предвиден со закон.

 

Поп од Црна Гора сексуално ги злоставувал сопствените деца, обвини бившата попадија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот