Цибона го откажува настапот во АБА-лигата, на нејзино место доаѓа МЗТ Скопје?!
И минатата сезона се зборуваше дека Цибона поради финансиски проблеми би можела да го откаже настапот во кошаркарската лига АБА. Ситуацијата тогаш беше ублажена, но не и решена. Затоа настапот на хрватската екипа во регионалното натпреварување е под знак прашалник и во оваа натпреварувачка година.
Препорачано
Хрватскиот новинар Томислав Хорват пренесува дека на следната седница на АБА-лигата ќе се разговара за целата ситуација околу популарните „волци“ и дека е веќе подготвена потенцијална замена.
Наводно, македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром би го пополнил испразнетото место и со тоа би го затворил составот на проширениот шампионат кој по влегувањето на Дубаи и Спартак сигурно ќе брои 16 клубови.
Иако Војводина во последната сезона беше финалист во АБА 2-лигата, Србија веќе има шест претставници и поради ограниченоста на бројот на екипи од една земја, МЗТ доаѓа како најголем кандидат да се врати во елитата.
UPITAN NASTUP CIBONE U ABA LIGI?!
Na idućoj sjednici ABA lige razmatrat će se situacija u vezi Cibone. Postoji realna opcija da Cibona zbog velikih financijskih problema iduće sezone neće nastupati u regionalnoj ligi. U slučaju takvog scenarija Cibonu će zamijeniti MZT Skopje. pic.twitter.com/5ZKc9fdUaN
— Tomislav Horvat (@TomislavHorva20) July 21, 2024


