Чупиќ: Сите во тимот даваат 300%, кога играте за Вардар нема неважен натпревар
Ракометарите на Вардар ги очекува натпревар против Тулуз во кој влегуваат како првопласирани во групата и таа позиција ќе се обидат да ја потврдат.
Препорачано
Во Вардар бидејќи веќе го обезбедија плаасманот во следната фаза немаа резултатски императив, но без разлика на тоа сакаат да победат.
„Зад нас е добра недела во кооја имавме, две важни победи во Европската лига и домашното првенство со Охрид. Сега ни доаѓа Тулуз кој нема натпреварувачки предизвик. Играме дома, се подготвивме добро и сакаме да останеме непоразени. Уште еднаш да им покажеме на навивачите како Вардар сака да го игра секој натпревар. Секогаш кога го браниме овој дрес го оставаме срцето на тереот.
Сите во тимот даваат 300% од своите можности, кога сте дел од клуб како Вардар, нема неважен натпревар. Ниту пријателските не беа важни, ама не ни беше лесно кога губевме. Моето размислување е дека секој меч пред нашите најдобри навивачи на свет мора да одиграме на ниво, да го почитуваме противникот и себе.
„Амбициите на Вардар секогаш се исти, секој трофеј треба да се освои, секој натпревар да се добие, а секој пораз е трагедија, депресија и проблем“, порача Чупиќ.
Заедно со Чупиќ на прес-конференцијата присуствуваше и Марио Стојановски.
„Го анализиравме Тулуз и сега замислите на стручниот штаб треба да ги спроведеме на теренот. Веруваме во победа“, порача Стојновски.
Натпреварот помеѓу Вардар и Тулуз се игра утре во терминот од 18:45 часот.
Преземено од: Спорт.ком.мк


