Карлос Алкараз со трофејот на турнирот „Рафа Надал“/Барселона, Каталонија, Шпанија/24 април 2022/Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

„Чудото“ Алкараз: Две победи во еден ден за титула во Барселона

„Новиот“ Рафаел Надал токму на теренот на неговиот идол успеа да направи историја и така влезе во Топ 10 на АТП листата.

Карлос Алкараз кој има само 18 години и веќе му предвидуваат голема тениска кариера, се закити со освои титулата во Барселона, Шпанија.

На турнирот кој го носи името „Рафа Надал“ младиот Шпанец денеска мораше да оствари две победи за да стигне до трофејот.

Најпрвин во полуфиналето, во кое спасуваше две меч топки, го совлада Австралиецот Алекс де Минаур со 6:7 (4), 7:6 (4) и 6:4 за нешто повеќе од три и пол часа игра.

Немаше многу време за одмор, па за неколку часа му следуваше финалната борба во која го совлада неговиот сонародник Пабло Карењо-Буста со 2:0 во сетови 6:3 и 6:2 за еден час и седум минути игра.

Алкараз во понеделник (25 април), во денот кога ќе поминат точно 17 години откако Надал истото го направи, односно за првпат во кариерата биде во Топ 10 на АТП листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот