Чудна идеја на ФИФА: На Мундијалот во Катар натпреварите ќе траат 100 минути

ФИФА планира да направи револуција на СП во Катар/ фото: EPA-EFE/WALTER BIERI

Светската фудбалска федерација (ФИФА) планира да воведе револуција на Мундијалот во Катар и натпреварите наместо да траат 90 минути, ќе бидат за 10 минути подолги.

Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ пишува дека натпреварите ќе траат 100 минути поради „загубеното време“.

Неодамнешното истражување покажа дека времето на игра на натпреварите од најголемите натпреварувања во просек трае 54 минути, па ФИФА има намера да го измени правилото така што натпреварите би биле продолжени за најмалку 10 минути, за да се компензира „украденото време “.

Една од причините минималното обештетување да биде десет минути е тоа што екипите ќе имаат право на пет измени со што исто така се губи повеќе ефективно време.

ФИФА најверојатно ќе им овозможи за земјите учеснички на Мундијалот во Катар ќе дозволи во репрезентациите да имаат по 26 фудбалери поради потенцијални случаи на инфекција со коронавирус, пишува „Кориере дело Спорт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот