Чоколадо, шлаг, какао и ракија: Рецепт за совршена чоколадна торта која не се пече

Фото: Kwanchai Chai-udom / Alamy / Alamy / Profimedia

За свиленкаста торта што се топи во уста потребни ви се само неколку состојки, малку труд и малку трпение додека чекате да се излади…

Лесно можете да направите богата, сочна и вкусна торта која се топи во устата со само неколку состојки. Тортата Нама е инспирирана од популарната чоколадна бонбона наречена нама , што значи свежа или сирова. Омилен сувенир од земјата на изгрејсонцето, убаво спакуван во елегантни кутии, не можете а да не го видите на аеродромите и во градските продавници.

Состојки:

• 400 г квалитетно темно чоколадо (70% какао)
• 200 мл шлаг
• 1 лажица ликер или ракија (по избор)
• Какао во прав за посипување

Подготовка:

1. Чоколадото исечкајте го на помали парчиња со нож за лесно и рамномерно да се растопи.

2. Обложете го садот за печење (20 x 20 см) со хартија за печење.

3. Во тенџерето истурете го шлагот. Загрејте го кремот речиси додека не зоврие. Лесно изматете го и внимавајте на кремот да не зоврие за да може чоколадото да се растопи како што треба. Кога кремот ќе почне да врие, тргнете го тенџерето од оган. Чоколадото прелијте го во кремот со силиконска шпатула – погрижете се да биде сува бидејќи и малку вода може да го расипе резултатот.

4. Мешајте додека целосно да се растопи чоколадото, а потоа додадете ликер или ракија доколку ги користите. Истурете ја смесата во подготвениот сад обложен со хартија. Допрете го садот на работната површина неколку пати за рамномерно да се распореди смесата, а потоа ставете го во фрижидер 4-5 часа за да се стегне колачот.

5. По ладењето, извадете ја хартијата. Загрејте го ножот со мала крпа натопена во топла вода и измазнете ги рабовите со отсекување на нерамнините, односно вишокот чоколадо од колачот додека не добиете убава форма и исечете го на коцки од околу 2,5 см. Повторно загрејте го ножот помеѓу секое сечење. Истурете го какаото во сито и посипете ги коцките за колачот.

6. Тортата можете да ја вратите во фрижидер доколку нема да ја послужите веднаш. Извадете го колачот од фрижидер пет до десет минути пред да го послужите за убаво да се стопи во устата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот