Чоколадо и путер од кикирики: Брз десерт кој подеднакво ќе одговара со сладолед, кафе или темно пиво

Фото: Пекселс/ ruslan-khmelevsky

Имаме рецепт за „слатка бомба“ која ќе ги освои оние кои не признаваат десерти ако не се од чоколадо и оние кои се дават во путер од кикирики.

Иако има бисквит и глазура, па не спаѓа во категоријата на наједноставни колачи кои едноставно се матат, се преливаат и се печат, не е далеку од тоа.

„Брзото совршенство“ можете да го направите како „нешто слатко набрзина“ или, ако ја истурите смесата во тркалезна тава, како колач кој исто така добро ќе делува за повеќе свечени прилики.

Чоколадниот колач (или торта) со путер од кикирики може да се сервира и со топка сладолед . Одлично ќе оди со кафе, а одлично ќе оди и со темните пива кои имаат арома на карамел, какао или ванила.

Фото: Пекселс/ ruslan-khmelevsky

Состојки:

Бисквит
• 250 г брашно
• 350 г шеќер
• 1 прашок за пециво
• 1/2 лажичка сол
• 250 мл вода
• 125 г путер, исечен на коцки
• 125 г кремаст путер од кикирики
• 65 г какао во прав
• 3 јајца
• 120 мл кисела павлака
• 2 лажички екстракт од ванила

Глазура
• 300 г шеќер во прав
• 125 г кремаст путер од кикирики
• 125 мл млеко
• 1/2 лажичка екстракт од ванила
• 1/2 чаша сецкани солени кикирики

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 175 степени. Подмачкајте го садот за печење.
2. Во поголем сад изматете ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво и солта. Во тенџере измешајте ги водата, путерот, путерот од кикирики и какаото и оставете да зоврие, повремено мешајќи. Додадете во смесата со брашно и само кратко измешајте да се измешаат состојките.
3. Во посебен сад изматете ги јајцата, павлаката и ванилата додека не се соединат и прелијте ги во смесата за бисквити со постојано мешање. Истурете во сад за печење и печете 25-30 минути.
4. Во меѓувреме подгответе ја глазурата. Измешајте ги шеќерот во прав, путерот од кикирики, млекото и ванилата додека не се изедначи.
5. Врелиот бисквит премачкајте го со глазура и посипете со крупно исечканите солени кикиритки.
6. Послужете го целосно изладен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот