Фото: Screenshot

Членка на ФИФА поради бизарна причина седум години не одиграла натпревар, сега се враќа на терените

По речиси седум години целосна изолација и без одигран ниту еден натпревар, фудбалската репрезентација на Еритреја конечно се враќа на меѓународната сцена.

Оваа африканска селекција беше единствената членка на ФИФА без официјален пласман на светската ранг-листа, откако со години одбиваше да настапува на меѓународни натпревари, иако формално имаше право на учество. Во тој период, Еритреја не беше дел од ниту едно официјално натпреварување, што претставува редок и необичен случај во светскиот фудбал.

Причината за ваквата одлука е крајно необична, фудбалската федерација на земјата намерно ги избегнуваше гостувањата во странство, стравувајќи дека фудбалерите би можеле да ги искористат тие патувања за бегство од државата и барање политички азил.

Поради долгата неактивност, Еритреја го загуби своето место на ФИФА-ранг листата, со оглед на правилото според кое селекција што 48 месеци не одигра официјален натпревар автоматски се брише од листата. Последниот настап на репрезентацијата датира од 2019 година, кога беше поразена со 3-0 на гостувањето кај Уганда.

Сега, по речиси седумгодишна пауза, од Еритреја официјално потврдија дека се враќаат на меѓународните натпреварувања, а првото појавување ќе го имаат во квалификациите за Африканскиот куп на нации во 2027 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот