Чилеанка дојде до генијална идеја како да го продава својот мед па го нарече „Мел Гибсон“ – Актерот подготви тужба

Фото: Профимедиа

Чилеанката Јохана Агурто дошла до генијална идеја како да го промовира и рекламира својот мед, или барем, таа така мислела, па решила да го нарече по една од најголемите холивудски sвезди – Мел Гибсон.

Нејзиниот производ го носи името Миел Гибсон („миел“ е шпански збор за мед), а на теглата е фотографијата од славниот актер од улогата во филмот „Храбро срце“.

„Сè одеше според планот додека не пристигна заканата од адвокатите на Мел“, откри Чилеанката на Твитер.

Адвокатите на Гибсон ја известија за повлекувањето на производот од пазарот поради неовластена употреба на името и ликот на актерот.

Во писмото испратено до неа, тие и се заканиле дека ако не го повлече нејзиниот производ веднаш од пазарот, ќе биде принудена да го реши проблемот на суд. Агурто започнала со продажба на медот Мил Гибсон, откако ја загубила работата поради пандемија на коронавирус.

„За да користите име и фотографија со ликот на Мел Гибсон од Брејвхарт, мора да добиете дозвола за употреба. Фотографијата е во сопственост на студиото кое го објави филмот“, објасни адвокатот Ли Брехеин, додавајќи дека мора да има посебно одобрение за таков вид маркетинг.

„Во никој случај не сакаме да спречиме некој што се обидува да започне бизнис и да генерира приходи од него, но треба да се знае дека постојат пропишани начини за водење бизнис, контакти и одобренија што треба да ги исполните претходно“, објасни Брехеин.

Но, се чини дека новопечената претприемачка не е подготвена толку лесно да се откаже од својата нова работа, па нејзината компанија преку Твитер го повика Гибсон да ѝ дозволи да ја користи неговата фотографија со пораката:

„Нашиот мед е само за храбри срца “.

Фото: Твитер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот