Чифлиганец го зголемува својот удел во „Комерцијална банка“

Ванчо Чифлиганец преку својата компанија „Адора Инженеринг“ продолжи да ја зголемува сопственоста во „Комерцијална банка“, откако купи 5.300 акции за кои плати 521.000 евра или околу 100 евра по акција.

„Адора Инженеринг“ преку последната трансакција на купување акции од „Комерцијална банка“ стана сопственик на 11,11 отсто од основната главнина во Банката.

Во објавата на интернет страната на „Македонска берза“, се вели дека Банката оваа трансакција ја реализирала пред два дена.

– Преку две системски блок трансакции правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт – Импорт Скопје се стекна со 5.300 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје. Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица ќе поседува вкупно 253.247 обични акции, односно ќе има учество од 11,11% во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје“, соопшти „Комерцијална банка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот