Полиција / Фото: МВР

Две момчиња завршија во болница откако четирицикл излета од патот Тетово – Јажинце

Возач тинејџер и неговиот сопатник завршиле со тешки повреди откако со четирицикл излетале од регионалниот пат Тетово – с. Јажинце.

„На 12.04.2026 во 12:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с. Одри, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.Ќ. (19) од с. Теарце, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.А. (20) од с. Слатино, кој бил пренесен за укажување лекарска помош во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје. Со тешки телесни повреди се здобил и возачот М.Ќ., констатирани во Ургентниот центар во Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово,“ соопшти полицијата.

71-годишен скопјанец со четирицикл се забил во ѕид од куќа, заврши во болница со тешки повреди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот