Четири одбрани на Митревски во поразот на Порто од ГОГ Гудме

Фото: ЕХФ

Во рамките од десеттото коло во Лигата на шампионите Порто на Никола Митревски не издржа и беше поразен од ГОГ Гудме со 34:33. Натпреварот помина во изедначена игра, двете екипи можеа да дојдат до победата, но сепак бодовите ги освоија домаќините.

Македонскиот голман Никола Митревски имаше скромен учинок од четири одбрани. Порто водеше од стартот и дикетираше темпо, но пред крајот на првиот дел данскиот тим заигра подобро и направи пресврт за да поведе со 15:13.

Во продолжение од средбата работите се сменија домаќините го контролираа резултатот и почесто водеа за на крајот да гледаме драма од која ГОГ излезе како победник. Со десет гола најефикасен беше Мортен Олсен, во редовите на Порто шест гола постигна Фернандес.

Во останатите два натпревари кои се играа денес Магдебург славеше против ПСЖ, додека ПИК Сегед беше подобар од Елверум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот