Кристијано Роналдо/X

Четири клуба во игра за потписот на Роналдо, ако замине од Ал-Наср

Кристијано Роналдо е се поблиску до излезната врата на Ал-Наср, пренесуваат медиумите, а главна причина за тоа се влошените односи со клупското раководство и незадоволството од насоката во која се движи тимот, особено кога станува збор за ангажирање нови засилувања.

Иако португалскиот ас има договор со саудискиот клуб до 2027 година, сериозно се разгледува можноста тој да ја напушти Саудиска Арабија уште во текот на наредното лето.

Како најизгледна опција се споменува Спортинг Лисабон, клубот каде што Роналдо ја започна својата кариера и од каде што тргна кон светската фудбалска слава. Но, тоа не е единствената потенцијална дестинација.

Според светските медиуми, во трката за неговиот потпис се вклучени и Комо, Интер Мајами и Манчестер јунајтед. Сепак, евентуалното враќање на „Олд Трафорд“ се оценува како најмалку веројатна опција, со оглед на нарушените односи меѓу Роналдо и англискиот клуб по неговото заминување и раскинот на договорот пред трансферот во Ал-Наср.

Драма во Саудиска Арабија: Роналдо одбил да игра за Ал-Наср

Стигна одговорот за Роналдо: Зошто е лут? Треба да го прашате него…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот