Челзи немаше среќа, познати четвртфиналните двојки во ФА купот (ФОТО)

фото/твитер

Манчестер сити ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Шефилд Веднздеј, а Норич сити го чека подобриот меѓу Дерби и Јунајтед.

Големо изненадување приреди Норич кој на пенали со 3:2 во Лондон го елиминираше Тотенхем од ФА купот.

После регуларните 90. минути беше 1:1, немаше погодоци во продолженија, а во пенал серијата кај домаќините непрецизни од белата точка беа Ламела, Парот и Фернандеш.

Лестер сити благодарение на Переира го совлада Бирмингем, додека Манчестер сити на гости ја оправда фаворитската улога кај Шефилд Веднздеј.

фото: твитер

Стрелец на голот за „граѓаните“ го реализираше Агуеро во 53. минута после асистенцијата на Менди.

Треба да се дознае уште еден учесник во четвртфиналето, в четврток (5 март) со почеток од 20.45 часот Дерби Каунти на „Прајд Парк“ е домаќин на Манчестер јунајтед.

Беше одржана ждрепката за извлекување на четвртфиналните двојки во англиското натпреварување, немаше среќа Челзи кој за противник го доби Лестер.

Четвртфинале, ФА куп (двојки) –

Шефилд јунајтед – Арсенал
Њукасл – Манчестер сити
Норич сити – Дерби Каунти или Манчестер јунајтед
Лестер сити – Челзи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот