Челси е подготвен Фофана да го направи најскап дефанзивец во историјата

Весли Фофана ќе ја освежи одбраната на лондонски Челси/фото: EPA-EFE/Neil Hall

Англискиот премиерлигаш Челси би можел да ја одбележи завршницата на летниот преоден рок бидејќи е подготвен да го собори рекордот за најскап трансфер на дефанзивец во историјата на фудбалот.

Само еден ден откако го официјализира трансферот на Марк Кукуре ља од Брајтон за кого плати 55 милиони фунти плус пет милиони во бонуси, Челси е подготвен да го собори рекордот што го држи Хари Мегваер и да го направи најголемиот трансфер на дефанзивецот.

„Сините“ кои планираат ремонт на одбраната, утринава ја зголемиле понудата за дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана на неверојатни 85 милиони фунти. Доколку Лестер ја прифати понудата, Челси ќе го собори рекордот на Манчестер јунајтед кој исто така на „лисиците“ им плати 80 милиони фунти за Хари Мегваер.

Фофана кој сака да си оди од Лестер, би требало да биде замена за Андреас Кристенсен кој по завршување на договорот потпиша за Барселона, додека Антонио Ридигер беше заменет со Калиду Кулибали кој дојде од Наполи.

Челси покрај Кукуреља и Кулибали, летово го доведе и Рахим Стерлинг, а работи и на трансферот на Френки де Јонг од Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот