Чавушоглу во стилот „џабе везете“: Нема да се откажеме од набавка на руски системи С-400 поради санкциите од САД

Мевлут Чавушоглу/ Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Турција нема да се откаже од набавка на руски ракетни одбранбени системи С-400 и ќе преземе реципрочни чекори, откако ќе ги процени санкциите воведени од САД, изјави денеска министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Во интервју за ТВ Канал 24, Чавушоглу рече дека одлуката за санкциите е неправилна од правна и политички гледна точка.

– Ова претставува напад врз суверените права на Турција, рече Чавушоглу, додавајќи дека мерките нема да влијаат на Анкара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот