Членовите на Билтенот на атомските научници ја откриваат новата позиција на Часовникот на апокалипсата

Часовникот за судниот ден поместен: Светот е само 85 секунди до глобална катастрофа

Американскиот билтен на атомски научници ги помести стрелките на часовникот за судниот ден за четири секунди нанапред, симболично доведувајќи го светот само 85 секунди до полноќ, што претставува глобална катастрофа или апокалипса, пишува Си-ен-ен.

Часовникот на судниот ден не е вистинско мерење на времето, туку метафора што ги означува опасностите со кои се соочува човештвото поради неконтролираниот развој на науката, технологијата и меѓународните односи.

Полноќта на овој часовник го симболизира моментот на целосна глобална катастрофа.

Овој часовник е дизајниран во 1947 година од истакнатите научници Ј. Роберт Опенхајмер, Алберт Ајнштајн и Јуџин Рабинович, како предупредување до светот за заканите што произлегуваат од нуклеарното оружје и другите современи ризици. Проценката за тоа колку е светот блиску до „полноќ“ се ажурира секој јануари од страна на Билтенот на атомските научници .

Стрелките на часовникот за судниот ден се движат напред или назад во зависност од глобалните безбедносни околности, како што се нуклеарните закани, војните, климатските промени и технолошките ризици. Во некои години, времето останува непроменето, што значи дека глобалната ситуација не се подобрила или влошила значително.

Во текот на 2020 година, часовникот беше поставен на 100 секунди до полноќ и остана на таа позиција во следните три години. Најдалеку светот беше од апокалипсата во 1991 година, кога часовниците беа поместени назад по завршувањето на Студената војна и потпишувањето на Договорот за стратешко намалување на оружјето меѓу Соединетите Американски Држави и Советскиот Сојуз.

Прв пат во 1947 година, часовникот за судниот ден беше поставен на седум минути пред полноќ. Денешното движење на стрелките покажува дека експертите веруваат дека светот е поблиску до глобална опасност од кога било досега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот