Чантурија една година во Металург

После девет години искусниот играч Чантурија се враќа во Автокоманда, каде и ја започна својата интернационална кариера.

Потсетување дека дресот на „сино-белите“ за првпат го облече во 2004 година од екипата на Шевардени од Тбилиси и остана во текот на следните шест сезони.

По Металург, Чантурија беше и дел од екипите на Вардар, Зомимак, Пелистер и Струга. Искусниот Грузиец, кој има и македонско државјанство, со Металург потпиша договор на една година.

Под водство на тренерот Дамир Стојановиќ, подготовките за новата сезона ќе ги почне на 25 или 26 јули.

Неколку дена пред и после Илинден, играчите ќе тренираат во Автокоманда, а потоа ќе замине за Копаоник, каде од 6 до 12 август со висински и базични подготовки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот