Чаби Алонсо ќе го ангажира Асенсио во борбата за бундеслигашката титула?!

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Шпанскиот фудбалер Марко Асенсио би можел да го напушти ПСЖ на крајот од зимскиот преоден рок. Според последните информации, Чаби Алонсо, тренерот на Баер Леверкузен го контактираше својот сонародник и му понуди место во својот тим во борбата за титулата во Бундес лигата.

Иако од Париз тврдат дека Асенсио не е на продажба, играчот нема редовна минутажа кај Луис Енрике, а дефинитивно очекуваше да помине повеќе од претходните 571 минута на теренот.

Асенсио забележа до сега 12 настапи, главно како замена во клучните натпревари, постигна четири гола и запиша три асистенции. Да, се повреди во есенскиот дел, но и кога се опорави впечаток е дека другите имаат предност пред него.

ПСЖ е секако поголем предизвик во моментов, бидејќи ќе се бори за Лигата на шампионите, но од друга страна, желбата за поважна улога во тимот може да биде клучна.

Се очекува Леверкузен да се обиде да го доведе на крајот од преодниот рок, само не се знае дали се работи за директен трансфер или позајмица до почетокот на летото, со потенцијален откуп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот